Seminarski i Diplomski Rad

Klasifikacija i vidovi nastava (makedonski) 
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 11 | Nivo: Filozovski fakultet, Skopje

 Вовед
Наставните методи во голема мерка обезбедуваат остварување на целите во наставата. Но истите не го оспособуваат ученикот во доволна мера да мисли.Но со помош на психологијата дидактиката ги создава дидактичките системи се со цел за поголема ефикасност во наставата односно конкретно за развивање на соствено мислење кај ученикот. Дидактичките системи не смееме да ги мешаме со наставните методи. Тие всушност го одредуваат начинот на работа во наставата и методите кои се остваруваат во истата.
Не постои сложување меѓу дидактичарите во врска со класификацијата на видовите настава.Некои наставни системи се веќе застарени , а паралелно со тоа се воведуваат современи видови на настава.Основната разлика помеѓу различните настави системи се наоѓа во различното интерпретирање на односот помеѓу трите основни фактори во дидактичкиот триаголник: наставникот , ученикот и наставната содржина.
Целосна и прифатлива класификација за видовите настава дал Никола Филиповиќ кој наставата ја разделува според институционалниот, содржинскиот, содржинскиот, функционалниот, комуникативниот, просторно работниот и методско- изведбениот критериум.Со мали надополнувања оваа класификација е доволно сеопфатна.
Современите наставни методи настанале со цел да се надминат недостатоците на традиционалниот оделенско-предметно-часовен систем на Коменски, а воедно и претставуваат и обид за иновирање во наставните методи. Постојаното менување на наставата е во функција да придонесе поефикасно и подобро остварување на задачите во воспитувањето и образованието односно стекнатите знаења да бидат трајни и функционални, а истата да биде усмерена кон изградување на способностите кај ученикот.
Настaвата можеме да ја класифицирамеспоред следните критериуми:
-според институциите ( основношколска, средношколска и високошколска)
-според критериумот за дидактичко моделирање ( предавачка, егземпларна, индивидуализирана, програмирана, проблемска, тимска и микро настава )
-според објектите на изведување ( училишна, настава во природа, настава во природа и настава во други културни и други институции и објекти )
-според доминантноста на дидактичките медиуми ( телевизиска, аудио, компјутерска и мултимедиска )
-според припадноста на наставниот предмет на научно-уметничката област ( настава од природни, општествени, лингвистички, уметнички и математички предмети )
-според обликот на комуникација со учениците ( директна и индиректна )
-според обликот на социолошката формација во која работат учениците ( одделенска, групна, работа во парови и индивидуална настава ) .
1. Класификација на наставата според институциите
Основношколска настава. Задачите и карактеристиките на основношколската настава произлегуваат од основните начела на кои се темели основното училиште односно задолжителност на учениците, настава на мајчин јазик, општообразовен карактер и основа за понатамошно образование. Целта на основното училиште е учениците да владеат соосновните знаења, да ги стекнат неопходните вештини и навики, да се развиваат физички, работно, умствено и естетски.Знаењата стекнати во основното училиште се основа за понатамошното професионално образование.
Средношколска настава. Нставата во средните училишта може да биде од општообразовен карактер и настава од стручен карактер . Наставата во општообразовните училишта е подредена на усвојување на знаења од општообразовен карактер од природните и општествените науки кои се потребни за понатамошното факултетско образование. Општообразовно средно училиште кај нас е гимназијата. Наставата во стручните средни училишта е насочена кон стекнување на стручни знаења, вештини и навики односно професионално оспособување на разни видови на работа.

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

 

 

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!